Официјално: Артуро Видал има нов клуб

од Vladimir Zorba
166 прегледи

Артуро Видал сега и официјално има нов клуб откако Фламенго го објави потписот со халфот на слободен трансфер. Пред два дена тој се раздели со Интер каде ги мина последните две години и на 35 години се враќа во Јужна Америка.

„За некои тоа е сон, за други – ноќна мора. Дали се се превртува наопаку? Само реалност: Артуро Видал е во Фламенго!“, напиша прес-службата на „црвено-црните“ од Рио де Жанеиро.

Во својот нов тим Чилеанецот ќе игра со број 32 и дури беше претставен пред навивачите пред натпреварот против Атлетико Минеиро на турнирот во Купот на Бразил.

Во изминатата сезона 2021/22, Видал на 40 натпревари за Интер постигна 2 гола и направи 4 асистенции. Пред тоа, неговата славна кариера ги опфаќаше Барселона, Баерн Минхен, Јувентус и Баер Леверкузен во Европа, како и Коло Коло во неговата татковина.

За репрезентацијата на Чиле има 133 натпревари, две учества на Светското првенство и пет на турнирот Копа Америка.