Официјално: Јувентус потпиша со Аркадиуш Милик

од Vladimir Zorba
235 прегледи

Полскиот напаѓач Аркадиуш Милик и официјално е играч на Јувентус. Пред неколку часа „бјанконерите“ објавија потпис со офанзивниот фудбалер, кој во тимот пристигнува како позајмен од Марсеј со договор до 30 јуни 2023 година.

За правата на играчот Јувентус на францускиот тим ќе му плати 900.000 евра, а доколку се исполнат одредени услови оваа сума може да се зголеми за уште 800.000. Во договорот на напаѓачот има и откупна клаузула во следната сезона, која може да се активира за 7 милиони евра. Сепак, оваа сума може повторно да се зголеми за дополнителни два милиони по постигнување на конкретни спортски достигнувања на Милик.

Доколку Јувентус реши да ја активира откупната клаузула на играчот следната година, италијанскиот тим ќе има можност да ги исплати парите во следните 3 години.

Милик веќе има искуство во Серија А каде ги бранеше боите на Наполи од 2016 година до почетокот на оваа година. Во Јуве, напаѓачот на грб ќе го носи дресот со број 14. Според некои информации, наполитанците чекаат 30% од сумата во евентуалното купување на играчот од страна на „бјанконерите“.

Клубот го претпочиташе него пред Мемфис Депај од Барселона