Официјално: Ковачиќ веќе е дел од Челзи

од Vladimir Zorba

Челзи го објави официјално и привлекувањето на Матео Ковачиќ, кој доаѓа под наем за сезоната од Реал Мадрид, како дел од договорот за Тибо Куртоа.

24-годишниот Хрват беше дел од Хрватска за Светското првенство во Русија и се надева дека ќе ја прероди својата кариера кај „сините“.

„Многу сум среќен што сум тука. Чувството е неверојатно. Јас ќе дадам се од себе за клубот. Ова е нова лига за мене и еден почеток секогаш е тежок, но сигурен сум дека тренерот и соиграчите ми ќе ми помогнат, па со нетрпение очекувам сезоната да почне“, изјави Ковачиќ.

Тој направи солидна кариера во Интер, што му донесе и трансфер во Реал Мадрид во 2015-та, но за овие три години помина доста време на клупата и ова лето отворено побара да го напушти „бернабеу“, што сега е факт, иако во оваа фаза е пуштен само на заем.

Слични содржини