Официјално: Крај за Ford Focus

од Vladimir Zorba
178 прегледи

По пензионирањето на Mondeo, започнаа приказни за иднината на Ford Focus. Од 29 август беше најавено намалување на производството, а сега пристигна и официјална информација според која продажбата на овој хечбек во Европа ќе биде целосно стопирано во 2025 година.

Пред нешто повеќе од два месеци, последното Mondeo излезе од производните линии во Валенсија по пет генерации и три децении присуство на европскиот пазар. Набргу потоа почнаа шпекулациите за иднината на Focus, а неодамна беше објавено дека производството на овој модел ќе биде намалено од 29 август.

Причината лежи пред се во зголемената популарност на кросовери и SUV модели, додека хечбек автомобилите и караваните стануваат минато. Една од жртвите на овие трендови ќе биде Ford Focus, кој на европскиот пазар ќе биде присутен до 2025 година. Тоа значи дека редизајнираната верзија од четвртата генерација ќе биде последна од ваков вид, а засега нема планови за електричен Focus како наследник. Сепак, треба да се напомене дека Ford понуди трета генерација на електрична верзија.

Во интервју објавено вчера, првиот човек на Ford за Европа, Стјуарт Роули, го потврди крајот на производството на овој ривал Volkswagen Golf, кој се произведува во фабриката во Сарлуис. Иднината на оваа фабрика во Германија е доведена во прашање, бидејќи Ford се уште не најде решение за неа.

„Бараме алтернативни решенија за производство на автомобили во Сарлуис, вклучително и можност за продажба на оваа фабрика на други производители. Во нашите планови немаме модел кој би можел да се произведува во Сарлуис“, изјави Роули.

И додека Европа остана без два познати модели на Ford, тие ќе продолжат да се продаваат на кинескиот пазар. Неодамна Mondeo доби нова генерација во Кина, што значи дека не се планира укинување на овој модел.

Во меѓувреме, глобалното производство на Focus претрпе тежок удар поради недостиг на компоненти, а во моментов клиентите чекаат на испорака повеќе од една година. Еден од најголемите проблеми е инфозабавниот систем SYNC4 што се гради во Украина разурната од војна, што предизвикува огромни доцнења во испораките.

Слични содржини