277
Англиски Арсенал официјално го објави назначувањето на Микел Артета за свој нов менаџер.
Поранешниот капитен на клубот, кој играше за „топџиите“ помеѓу 2011 и 2016 година, потпиша договор со екипата од „Емирати“ за три и пол години.
На овој начин, тој ја презеде функцијата од разрешениот Унаи Емери, чија позиција беше привремено исполнета од Фреди Љунгберг, уште една легенда на клубот.
Швеѓанецот не успеа да донесе особено добри резултати за Арсенал за време на неговиот тренерски период, откако тимот забележа само една победа на пет натпревари во сите натпреварувања.
Welcome back, Mikel! 👋
Head coach of The Arsenal 👔 pic.twitter.com/lhsAfQ7cfq
— Arsenal (@Arsenal) December 20, 2019