Официјално: Модриќ го продолжи договорот со Реал Мадрид

од Vladimir Zorba

Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ и официјално го продолжи договорот со Реал Мадрид на уште една година.

Договорот на Модриќ истече летово, но Кралскиот клуб реши да ја продолжи соработката со Хрватот, кој е во клубот 10 години и кој за тоа време се здоби со статус на легенда на „Сантијаго Бернабеу“.

Модриќ ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид пет пати, четири пати беше клупски светски шампион, три пати го освои шпанското првенство, еднаш го освои Купот, три пати го освои европскиот Суперкуп, четири пати го освои шпанскиот Суперкуп.

Освојувач е и на „Златната топка“, како и наградата на ФИФА за најдобар играч во светот.

Модриќ оваа сезона одигра 45 натпревари за Реал Мадрид и постигна три гола со 13 асистенции во сите натпреварувања.

Една од неговите асистенции, кога се „поврза со голот на Родриго“ со нереално додавање на реваншот против Челси во четвртфиналето, е еден од потезите на сезоната во Лигата на шампионите, каде Реал на крајот го подигна најважниот трофеј по 14-ти пат во клупската историја.

Слични содржини