Огњен Амиџиќ за Маџгаљ: „Кога би можел да го вратам времето, би му го кажал само ова“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Маринко Маџгаљ почина во 2016 година од рак на панкреасот.

Ако беше жив Маринко Маџгаљ годинава во август ќе го прославеше 44-от роденден, а секоја година во тој период пријателите го паметат со тага, пренесе „Нова.рс“.

Огњен Амиџиќ, еден од најдобрите пријатели на Маринко, се присети како ги славеле родендените на актерот:

„Маринко не им придаваше големо значење на своите родендени, најчесто ги славевме спонтано. Никогаш тоа не беше лажен гламур, илјадници балони и лампиони, само излегување во кафуле со добро друштво, кое обично завршуваше со некоја актуелна песна на гитара. Неговите родендени често ги прославувавме на нашите свирки, па среде настап знаев да извадам педесет евра, или колку имав во тој момент, и да се нашалам дека го частам“.

Водителот потоа зборуваше за тоа што би му рекол на пријател ако може да го врати времето назад.

„Ние двајцата многу си кажавме еден на друг и со молчење, а камоли преку разговори. Кога би можел да го вратам времето, би му рекол да успори малку, да се прегледа навреме и да спречи се што се случи. Сè уште немам чувство дека Маринко всушност го нема“, изјави Огњен.

Слични содржини