Младиот и перспективен пејач на македонската естрада, Огнен Здравковски, во текот на вчерашниот ден објави трогателен статус на својот фејсбук профил, во кој изрази жалење и тага по скоро загубениот вујко, познатиот и виртуозен македонски виолинист, Зоран Џорлев.
Неговиот статус, ви го пренесуваме во целост:
„Драги мои, радувајте му се на животот, сакајте се, ширете љубов и добрина, ценете го тоа што е ваше и што го имате како да е последно нешто што животот ви го дал…
Тенка е линијата помеѓу среќа и тага, помеѓу живот и см рт, па затоа славете го раѓањето Христово како симбол за нешто најсвето!
Господ Бог нека биде секогаш со сите нас.. И во добро и во лошо, во среќа и во тага и во секој преостанат миг од животот!
За мене ова е најтажниот и најболниот Божиќ во мојот живот, но не престанувам да се молам на Бога да ми даде сила за да се исправам на нозе и да продолжам да чекорам исправено! МИР БОЖЈИ, ХРИСТОС СЕ РОДИ! Среќен и вечен Божиќ“, објави Огнен.