Огненовски од Демократи: Подобро огнот да не изгори отколку да коалицираме со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

од Берта Китинска

Ние се бориме против големите политички партии, кои 30 години ја разнебитуваат и уништуваат Македонија. Мора да го избереме својот пат, коалиција не доаѓа предвид со нив. Подобро огнот да не изгори, отколку да дадеме легитимитет на политичките структури, злосторнички здруженија – СДС, ДПМНЕ, ДУИ и нивните сателити, изјави во Утрински брифинг Јорго Огненовски, претседател на политичката партија Демократи

Тој вели дека на претстојните локални избори Демократи  ќе настапат со кандидати во општините, каде ќе се водат според квалитетот на луѓето.

-Ќе има јавен повик, секој чесен граѓанин да ни достави свое резиме и ние да го избереме најдобриот кандидат.Главната цел е да имаме озбилни кандидати, било тоа за градоначалници или листи. Разговараме со многу граѓани, но се уште немаме одлучено во кои општини ќе одиме. Не ни е целта само да настапиме, целта ни е да понудиме квалитет на овие избори, вели Огненовски.

Слични содржини