Огњен Амиџиќ откри дека закажал венчавка и зборуваше за полот на бебето кое го чека со Мина

од Stefanija Kuzmanovska
484 прегледи

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата избраничка Мина Наумовиќ открија дека чекаат бебе, а тој сега за првпат проговори за приновата.

„Поводот е прекрасен. Можам да кажам дека и Мина и јас сме пресреќни. Токму тоа го посакувавме и чекавме и се случи, што да кажеме. Буквално сум пресреќен. А од друга страна, малку сум суеверен, не сакам да зборувам премногу, само да биде се во ред“, изјави Огњен за „Блиц“ и додаде:

 

„Од ова нема ништо подобро, посилно и посреќно да се случи. Така, можеби ќе бидам посреќен само кога ќе дојде бебето. Само дај Боже здравје да биде се како што треба“.

Мина одлучила да се повлече од малите екрани кога дознала за бременоста, а Амиџиќ истакна дека таа ќе му помага зад камерите.

„Таа одлучи така, јас го поддржав тоа. Мислам дека е подобро да се посвети на тоа и да мирува. Ми помага многу и ќе ми помога зад камерите со шоуто. Само за да не се слика, вели: Каде ќе одам сега со стомакот, како расте, да го гледаат луѓето“, истакна водителот.

Тој се осврна и на нивната венчавка, која ќе биде интимна на луксузна дестинација.

„Сето тоа е веќе закажано, некаде далеку, со мал број луѓе“, признал Огњен, а потоа проговорил за полот на бебето.

 

„Го знаеме полот, но не сакам да го откривам. Уште малку да почекам, за да бидам сигурен. Што и да е, се додека е живо и здраво“, заклучил тој за споменатиот медиум.

Слични содржини