Ограбена Лана Дел Реј: Украдени ѝ се новите песни, има молба до фановите (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
195 прегледи

Пејачката Лана Дел Реј ги известила своите следбеници на социјалните мрежи дека од нејзиниот автомобил во Лос Анџелес ѝ биле украдени лаптопот, хард дискот и дури три камери.

Заедно со технологијата во која се сместени главните снимки на нејзиниот нов албум, кој сега треба повторно да го сними, крадецот зел и 200 рачно напишани страници наменети за книгата што ја пишува за издавачот Simon & Schuster, како и семејни видеа со голема сентиментална вредност.

Очекувано, на интернет во моментов се појавија нови, досега необјавени песни на Лана.

„Ве молам, не ја слушајте музиката ако случајно ја чуете, бидејќи сè уште не е подготвена да излезе“, се изјаснила Дел Реј (37), додавајќи дека ја сакала книгата што ја пишувала и на крајот ја изгубила.

Пејачката моментално повторно ги снима своите нови песни, но призна дека е крајно фрустрирана што морала да почне од почеток. Смета дека новите песни се продолжение на албумот „Blue Banisters“ од 2021 година.

Таа истакна дека е сигурна во албумот што го снима и покрај загрозените безбедносни фактори на различни нивоа. Таа истакна дека навистина сака да продолжи и да го направи најдобриот албум.

Слични содржини