Ограбена луксузната вила на Мараја Кери: „Истрагата е во тек“

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Додека пејачката Мараја Кери била со семејството на одмор во Италија, нејзината куќа во Атланта била вандализирана, пишува Page Six.

Според информациите, кражбата била пријавена на 27 јули, а се случила три недели претходно.

„Истрагата е се уште отворена, но повеќе детали не можеме да дадеме“, објаснуваат од полицијата за споменатите медиуми.

Ниту пејачката ниту нејзините претставници на медиумите не сакаа да го коментираат овој настан, па не се знае што е украдено и дали имало пари во куќата.

Бидејќи Мараја постојано објавуваше фотографии од одмор, многумина мислат дека тоа е знак за провалниците дека нема никој дома.

Инаку, пејачката ја купи оваа вила за 5,4 милиони евра во ноември 2021 година. Луксузната куќа има девет спални соби и 13 бањи, како и базен, тениски терен и игралиште.

Слични содржини