Австралиската пејачка и раперка Иги Азелаја пријавила во полиција дека нејзиниот дом во Атланта бил ограбен и дека крадците ѝ однеле накит во вредност од 336.000 долари.
Како што се наведува во полицискиот извештај, на пејачката ѝ била украдена дијамантска ракавица вредна 70.000 долари и златен часовник со дијаманти вреден 57.000 долари како и дијамантска бурма.
Таа раскажала дека била сама во подрумот од куќата на 15 ноември, кога слушнала чекори во дневната соба. Помислила дека тоа е нејзиното момче кое требало да дојде во секој момент. Како што рекла дека вратата ја оставила отклучена токму поради него.
Случајот го пријавила во полиција дури два дена подоцна, односно на 17 ноември, откако забележала дека и ја нема торбата во која го чувала накитот. Иги им рекла на полицијата дека на снимките од надзорните камери се гледа маж кој влекол во куќата од задната врата во 21:51 часот и излегол осум минути подоцна со торба во рацете.