
На 15.03.2016 година во 07.50 часот во ПС „Чаир“ вработена во Центарот за социјални работи во Бутел, пријавила дека на 14/15.03.2016 година во периодот од 16.00 до 07.50 часот во просториите на Центарот за социјални работи, одделение Бутел, непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот насилно влегол внатре преку еден од прозорците и од две канцеларии одзел пет компјутерски куќишта по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Македонци продаваат алкохол на мигранти
На 15.03.2016 година во 09.00 часот во ПС „Гази Баба“, Ј.П. (68) од Скопје пријавил дека на 14/15.03.2016 година во периодот од 14.00 до 07.30 часот во населба Дрма на м.в. „Орман“, поточно од помошна просторија од непознати причини избувнал пожар. Со пожарот била зафатена кровната конструкција и внатрешниот дел со што била причинета значителна материјална штета. Пожарот е локализиран од екипа на БППЗ-Скопје. Во пожарот нема повредени лица. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
На 15.03.2016 година во 10.00 часот во СВР Куманово, Ј.П. (58) од Куманово, вработен во ЈПП–Македонски железници, пријавил дека во близина на железничката станица во Куманово, поточно на м.в. „Гутев рид“, при реконструкција на железничката пруга пронајдени се две неексплодирани панцирни зрна од топ со калибар 75мм, кои се најверојатно од Втора светска војна. Истите безбедно се подигнати од страна на пиротехничар од ДЗС-Куманово.