Во вторникот во Париз се случи грабеж на златарница, во кој беше украден накит вреден 3 милиони евра, а сторителите беа уапсени на излез од Франција, во автобус на српски превозник што се движел кон Белград.
Автобусот и патниците биле претресени, и иако целиот плен бил пронајден, полицијата не го пуштила возилото додека не биле претресени сите други.
Уапсени се двајца црногорски државјани кои се упатиле кон Белград откако го подигнале „пленот“.
🔴#Braquage dans une bijouterie près des Champs-Élysées : deux hommes interpellés https://t.co/gjDZu6FGJh pic.twitter.com/nsuqNAnMbl
— LCI (@LCI) July 28, 2021
Тие ја ограбиле златарницата „Chaumet“, а накитот, како што споменавме погоре, вредi околу три милиони евра. Го украле златото под закана so автоматски пиштол.
„Станува збор за двајца Црногорци на возраст од 44 и 54 години, непознати за полицијата. Тие се приведени во полициски притвор поради „организиран грабеж со оружје и учество во злосторничко здружение поради извршување кривично дело“, објави обвинителството во Париз.