Ограничувањата во Ирска вродија со плод – најмал број на новозаразени во последните три недели

од Stefanija Kuzmanovska
180 прегледи

Ирска во средата забележа најмал број на новозаразени во скоро три недели, откако таа земја воведе една од најстрогите епидемиолошки мерки.

Ирска регистрираше 675 нови случаи на Ковид-19, што е најмал број од 9 октомври. Во исто време, просекот на седум дена падна од 1.176 пред седум дена на 866.

Владата на премиерот Мајкл Мартин минатата среда го потврди враќањето на земјата на највисоко ниво на ограничувања во борбата против коронавирусот, и сите продавници беа затворени шест недели, освен за испорака, додека рестораните служат само храна за носење и на луѓето не им е дозволено да се движат подалеку од пет километри од својот дом.

Две недели порано, сите ресторани беа затворени, а бројот на посети во домаќинствата беше ограничен.

Слични содржини