Огромен број на измами на пазарот со маслиново масло

од Vladimir Zorba
60 прегледи

Во земјите од Европската Унија рекорден број потенцијални измами и случаи на погрешно означување на маслиновото масло се забележани во првиот квартал од годинава.

Цената на маслиновото масло е повеќе од двојно зголемена во однос на 2018 година поради различни фактори, повеќегодишната суша и маслиновите насади погодени од екстремните временски услови.

Како што растеше цената, растеше и бројот на „прекугранични известувања на ЕУ“, кои вклучуваат погрешно означување на производите, потенцијални измами и безбедносни случаи кои вклучуваат контаминирани масла, пишува Гардијан.

Во првиот квартал од 2018 година, ЕУ забележа само петнаесет вакви случаи. Во првите три месеци од годинава бројот на неправилности се искачи на рекордни 50 случаи, што според објавените податоци е повеќе од три пати повеќе.

Сепак, овие случаи се само оние откриени од земјите-членки и пријавени во Генералниот директорат за здравство на ЕУ. Бројката ги испушта домашните случаи, а вистинската големина на измамата веројатно ќе биде многу поголема.

Слични содржини