Огромен пожар крај Благоевград

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Огромен пожар гори крај Благоевград. Пожарникарите се борат со пожарот кој избувнал крај магацин на фирмата “Вода изградба”, јави дописникот на бгнес  од  регионот.

Горат гуми, пластични цевки, дрва, складирани во хала до оградата на “Вода изградба”. Пожарот тргнал од запалено слама до самата база. Две пожарникарски коли  се борат со огнот. Едните пожарникари ја гаснат запалената  трева, за да не дојде до шумата, а другите  го гаснат самиот магацин.