Три воени вежби на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ) наречени Интеракција-2025, Потрага-2025 и Ешелон-2025 започнаа денес во Белорусија, објавија белоруските власти.
Церемонија по повод почетокот на овие вежби се одржа на Плоштадот на победата во Витебск во спомен-комплексот на ослободителите на Витебск – советски војници, партизани и нелегални лица, пренесе РИА Новости.
На церемонијата на отворањето присуствуваа началникот на Генералштабот и прв заменик-министер за одбрана на Белорусија, генерал-мајор Павел Муравејко, началникот на Здружениот штаб на ОДКБ, Херој на Руската Федерација, генерал-полковник Андреј Сердјуков, претседателот на Витебскиот регионален извршен комитет, Александар Субботин, и други високи функционери на земјите што учествуваат во вежбите.
Во вежбите учествуваат контингенти од војници од Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија и Таџикистан.