Охајо го тужи Facebook за 100 милијарди долари

од Vladimir Zorba
279 прегледи

Јавниот обвинител на Охајо ја обвини Meta Platforms Inc. (до неодамна Facebook Inc.), тврдејќи дека компанијата ја заведувала јавноста за контролата врз алгоритмот со кој работи социјалната мрежа и влијанието на нејзините производи врз децата, пишува „The Wall Street Journal“.

Тужбата беше поднесена во име на инвеститорите во Meta и Ohio Public Employees Retirement System. Се бара отштета од повеќе од 100 милијарди долари и бараат од Meta да направи значителни промени за да спречи идни заблуди на инвеститорите, рече јавниот обвинител Дејв Јост.

Портпаролот на Meta рече дека тужбата е неоснована.

Се наведува дека помеѓу 29 април и 21 октомври 2021 година, Facebook и неговите менаџери ги прекршиле федералните закони за хартии од вредност со намерно доведување до заблуда на јавноста за негативното влијание на неговите производи врз децата. Целта на измамата е да ја покачи цената на нејзините акции и да ги измами акционерите.

„Facebook тврди дека се грижи за нашите деца и ги елиминира интернет троловите, но вистината е дека создава негативни емоции и поделеност за да заработува пари“, рече Јост.

„Вистината почна да се појавува на 13 септември 2021 година, кога The Wall Street Journal го објави првиот од серијата написи“, додаде тој.

Написите од Facebook Files открија дека компанијата е свесна дека Instagram има исклучително негативно влијание врз тинејџерките, како и врз многу други.

По материјалот, цената на акцијата на Facebook падна за 54,08 долари, поради што Ohio Public Employees Retirement System и другите инвеститори изгубија повеќе од 100 милијарди долари.

Слични содржини