380
Денес во Охрид, започна снимањето на кадрите предвидени за промотивниот спот по повод историскиот пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.
За потребите на овој спот, се снимаа кадру од Охрид, односно градот и пловни објекти на езерото . Инаку, организатрот вели дека за потребите немало проблеми да се најдат статисти, дури имало и повеќе лица кои биле заинтересирани да се вклучат во овој промотивен запис.
Снимањето во Охрид е петти ден од почетокот на проектот, досега со екипата од „Мелем продукција“ се снимаше во Свети Николе, Велес, Крушево и Битола. Снимањето на спотот ќе продолжи и во Гостивар и Маврово, а ќе заврши во Скопје.