ОЈО Гостивар со обвинение за дилер на хероин

од Берта Китинска
412 прегледи

Гостиварското обвинителство, по спроведената истражна постапка, денеска до надлежниот Суд поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Од Jавното обвинителство соопштија дека обвинетиот 47-годишник, на 14 март бил затекнат додека кај себе неовластено држел 6,08 грама хероин наменети за препродажба.

Дрогата му била пронајдена и одземена при личен преглед во близина на Домот на културата во Гостивар.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​

Слични содржини