Околу 100.000 деца се изложени на сексуално вознемирување на Фејсбук и Инстаграм дневно

од Vladimir Zorba
173 прегледи

На социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, околу 100.000 деца се изложени на сексуално вознемирување „онлајн“ секој ден, покажуваат интерните документи на компанијата Мета.

Незапечатените правни документи добиени од канцеларијата на јавниот обвинител во Ново Мексико опишуваат неколку обвинувања против „Мета“, вклучувајќи го и сведочењето пред американскиот Конгрес кон крајот на минатата година од висок вработен во „Мета“ чија ќерка била барана на Инстаграм.

Неговите напори за решавање на проблемот, рече тој, биле игнорирани, се наведува во поднесоците.

Инстаграм ќе ги известува малолетниците да не го користат навечер

Платформата Инстаграм ќе испраќа автоматска порака до своите корисници на возраст од 13 до 18 години, во која ги повикува да не ја користат социјалната мрежа во текот на ноќта, помеѓу 22 и 06 часот, со цел да ги поттикне да воведат поздрав начин на живот.

„Спиењето е важно, особено за младите, па затоа објавуваме нови вечерни пораки кои ќе се појавуваат кога тинејџерите ќе поминат повеќе од 10 минути на Инстаграм, кога гледаат „рилови“ или директни пораки доцна навечер. Тие ќе ги потсетуваат тинејџерите дека доцна е и ќе ги поттикнува да ја исклучат апликацијата“, се вели во вчерашното соопштение објавено на нивната веб-страница од компанијата „Мета“.

Младите така на својот профил од 22 часот ќе ја добијат пораката „Доцна е. Размислете да го исклучите Инстаграм во текот на ноќта“ доколку користат одредени функции на социјалната мрежа.

Слични содржини