349
Околу илјада луѓе се собрале на погребот на градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, значително повеќе од 25, што е максимално дозволено според мерките на хрватскиот Главен штаб за борба против коронавирусот.
Фотографиите покажуваат дека растојанието речиси и не се почитувало, но маските биле претежно носени.
Особено се истакнал Патрик Шегота, разрешениот шеф на Градските гробишта и еден од најблиските соработници на Бандиќ.
Тој носел маска со ликот на Милан Бандиќ.