Околу 3000 мигранти за 24 часа

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 02.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.918 странски државјани, од кои 1.108 се од машки пол, 657 се од женски, 1.137 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 16 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. 30082015131508_имигранти-520x292

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1.178,  Авганистан–890 и Ирак-850.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 02.01.2016 година, до Секторот  за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.