26
Околу 670 мигранти од Африка во 11 бродови пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза во рок од десет часа, објави денес Анса.
Од нив, 10 бродови се упатија кон Италија од Либија, а луѓето беа спасени во заедничка операција на Фронтекс, Крајбрежната стража и италијанската даночна полиција.
Еден брод, со 49 мигранти од Нигерија, Гвинеја и Судан, исплови од Тунис, а патниците им кажале на карабињерите дека патувањето чини 500 евра по лице.
Овие мигранти отишле директно во прифатниот центар, а карабинерите не можеле да го пронајдат бродот со кој пристигнале во Италија, пренесува Танјуг.