Oколу 86% од Корејците продолжуваат да користат Интернет Експлорер

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Интернет корисниците во една од најразвиените економии во светот, Јужна Кореја, и понатаму претпочитаат “Интернет Експлорер” за веб-прелистувач и одбиваат да преминат на “Хром” или “Мозила”.

Тоа го покажува истражувањето на Корејската агенција за интернет и безбедност (KISA), цитирано од “Кориан тајмс”. Според статистиката корисниците на “Интернет Експлорер” во земјата се вкупно 85,8%, а оние на “Хром” или “Мозила”  9% и 1,8%.

Извештајот на KISA покажува дека близу 15,6 отсто од интернет корисниците користат застарена верзија на “Интернет Експлорер”. Што дава одговор зошто едвај половина од Јужнокорејците располагаат со систем подготвен за новиот глобален веб стандард – HTML5.

KISA ги истражувала и преференциите на потрошувачите во однос на оперативниот систем. Таму сепак нема изненадување – 97% изјавиле дека работат на “Виндоусот”.

Во меѓувреме, истражување на статистичката агенција “Стаскокаунтер” од минатата година покажуваше сосема поинаков резултат во однос на параметрите на потребите во однос на веб прелистувачот. Нејзиното истражување докажа дека всушност само 35,7 отсто од Јужнокорејците користат “Интернет Експлорер”.