Околу оштетениот нуклеарен реактор во „Фукушима“ е поставен “Леден ѕид”

од desk4
82 прегледи

Јапонската регулаторна агенција одобри денеска активирање на „леден ѕид“,  кој е составен од огромна подземна разладна ограда. Поставен е  околу оштетениот нуклеарен реактор во централата „Фукушима“, со цел да се спречи излевање на радиоактивна вода.

Fukushima Daiichi nuclear plant in Japan

Разладната структура има досега невидени димензии. Изградба беше завршена минатиот месец, а сега можа да биде активирана.

Овој проект, е “тежок” 312 милиони долари, е составен од цевки кои се дизајнирани да го замрзнуваат околното земјиште и да формираат ѕид долг 1,5 километри околу реакторот и турбините, со цел да се спречи радиоактивната вода да дојде во подземните води.