Округот на Мауи со тужба до електродистрибуцијата на островот за трагичните пожари на почетокот на август

од Radmila Tasevska
245 прегледи

Локалната власт на островот Мауи синоќа поднесе тужба против Електрична компанија Хаваи и нејзините подржужници обвинувајќи ги за небрежност што предизвикала катастрофални пожари по што изгореа стотици хектари земја во сојузната држава Хаваиа и повеќе од 100 луѓе го загубија животот.

Во тужбата е наведено дека дистрибуцијата ХЕКО „неоправдано ги држела каблите за пренос на струја под напон“ на почетокот на август, иако Националната метереолошка служба објавила предупредувања за силни ветришта и за пожари. Во предупредувањата се алармирало дека силниот ветар може да ги урне столбовите за пренос на елетрична енергија и да поттикне пожар што би можел брзо да се прошири поради сувите состојби.

-Пожарот беше директна легална последица од небрежноста, невниманието и непромисленоста и/или од незаконитоста на ХЕКО, се наведува во тужбата.

Властите на Мауи може да побараат оштета од оваа компанија во висина од десетици или стотици милиони долари, според адвокатот претставник на округот во овој судски спор.

Пожарот го зафати островот на 8 август, изгореа стотици хектари земја и уништени се повеќе од 2.000 објекти, а речиси 400 лица се уште се водат за исчезнати. Засега како жртви се идентификуани 115 лица.

Слични содржини