459
Канцеларијата за борба против измами на Европската унија (ОЛАФ) во петокот објави дека во Албанија биле злоупотребени околу 33 милиони евра наменети за помош на проблематичните рурални заедници во таа земја.
Како што пренесува Balkan Insight, на веб-страницата на ЕУ е објавено дека „очигледно е дека парите биле потрошени коруптивно од Националната агенција за рурален развој на Албанија, која раководела со проектот“.
ОЛАФ ја советуваше Европската комисија да блокира уште 112 милиони евра за следната фаза од помошта за руралниот развој во земјите кандидати за ЕУ (ПАРД).