ОЛАФ открива измами: Бугарија да врати 30 милиони евра од европските програми

од Stefanija Kuzmanovska

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) во својот годишен извештај препорачува Бугарија да врати повеќе од 30 милиони евра според европските програми.

Повеќе од 23 милиони евра од сумата се за изградба на 377 куќи за гости, кои наместо да се издаваат на туристи, се користеле за лични потреби.

Мора да се вратат пари и за рекламирање на вино и за пошумување на земјишта кои не можеле да се пошумат.

ОЛАФ препорачува вкупно повеќе од половина милијарда евра да се вратат во европскиот буџет за проекти во сите земји на ЕУ.

Главните случаи на откриени измами се поврзани со наводно пошумување, царински злоупотреби, нелегални активности за отпад.

Слични содржини