ОЛЕГ „ЗАТВОРЕН“ ДО 23 МАРТ: Братот на Алексеј Навални во домашен притвор

од Nikola Popovski
165 прегледи

Судот во Москва нареди Олег Навални, братот на опозицискиот лидер Алексеј Навални, да биде ставен во домашен притвор до 23 март за кршење на санитарните и епидемиолошките норми, објави судот, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Претходно, истиот суд нареди соработникот на Навални, Олег Степанов, да биде ставен во домашен притвор до истиот датум.

Судот ги разгледува и барањата на обвинителството да им се изрече иста мерка на активистите Љубов Собол и Марија Аљохина и претседателката на Здружението на лекари, Анастасија Васиљева.

Полицијата ги уапси Олег Навални, Марија Аљохина, Анастасија Васиљева, Олег Степанов и Љубов Собол за кршење на епидемиските мерки за време на неодобрените протести во Москва, по повод апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

Слични содржини