Олена Зеленска по критиките за сликањето за Вог: „Ова беше одлична можност“

од Stefanija Kuzmanovska

Првата дама Олена Зеленска, за која се знае дека е прилично приватно лице, проговори за нејзиното неодамнешно појавување во „Вог“, кое предизвика многу бурни реакции бидејќи во екот на воената состојба дала интервју со својот сопруг. Таа рече дека тоа била одлична можност да се зборува за Украина.

„Милиони го читаат Вог и моја должност беше да разговарам директно со нив. И тоа беше интересно искуство“, признала таа.

Таа додаде дека во нејзиниот тивок живот не била навикната на внимание. Според неа, сите се борат на фронтот, тоа е работа и мора да се  заврши.

Минатата недела Олена беше домаќин на самитот „Први дами“, на кој присуствуваа сопругите на бројни светски лидери. На средбата се разговарало за војната во Украина и за потребната помош.

„Првите дами немаат можност да влијаат политички, но ние имаме емотивно влијание. Разбираме, чувствуваме“, рече таа.

Зеленска рече дека целата земја е „под постојан стрес“.

„Од 24 февруари сме под постојан стрес и тој не се смирува“, изјави првата дама на Украина.

Таа рече дека е многу важна потребата земјата да продолжи да работи и луѓето да продолжат да живеат.

„Земјата мора да преживее и да зачува некоја форма на нормалност. Дури и војниците им велат на своите пријатели да одат на кафе, да гледаат филм, да уживаат во мирот што го имаат“, рече Зеленска.

Слични содржини