302
Првата дама на Украина, Олена Зеленска, како специјален претседателски пратеник се сретна со претседателот на Јужна Кореја, Џун Сук-јеол, соопшти денеска кабинетот на јужнокорејскиот претседател.
Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е во посета на Јужна Кореја.
Зеленска во интервју за јужнокорејската новинска агенција Јонхап, што беше објавено денеска, рече дека е подготвена да го покани Џун да ја посети Украина, наведувајќи дека таквата посета ќе им даде голема поддршка на Украинците.