Олимпиец исчезна во Јапонија: Оставил порака, не сака да се врати дома во мизерија и сиромаштија

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Џулиус Секитолеко, кревач на тегови од Уганда, исчезна во Јапонија.

Секитолеко пристигна во Токио како член на олимпискиот тим на неговата земја, уште во јуни, а една недела пред почетокот на игрите, се изгуби секаква трага од него. Неговиот тим беше во Изумисан, град во близина на Осака, од каде замина 20-годишниот Секитолеко и остави порака зад себе.

– Предајте ги сите мои работи на мојата сопруга. Сакам да останам и да живеам во Јапонија затоа што не сакам да се вратам во Уганда – напиша тој во пораката.

Дека нешто не е во ред, неговите сонародници сфатиле кога Секитолеко не се појавил на редовно тестирање на коронавирус. Тој дури не бил во хотелската соба каде што беше пронајдена само споменатата порака.

Безбедносните камери наводно го снимиле како купува билет за воз до Нагоја, иако не е познато дали тој веднаш отпатувал во тој град.

Претседателот на Олимпискиот комитет на Уганда рече дека Секитолеко освои бронза на Африканското првенство и дека сметаат дека е доволно искусен за да оди на Игрите. Тој додаде дека спортистот потекнува од сиромашно семејство и веројатно затоа решил да бара работа во Јапонија.

Слични содржини