Олимпијадата во 2032 година ќе чини 3,72 милијарди долари

од Vladimir Zorba
340 прегледи

Трошоците за Олимпијадата во Бризбејн во 2032 година најверојатно ќе ја надминат проценката од 5 милијарди австралиски долари (3,72 милијарди долари), изјави во вторникот министерот за спорт Ричард Колбек.

Федералната влада вети дека ќе покрие половина од трошоците за третите Летни олимписки игри што ќе се одржат во Австралија, а повеќето од трошоците ќе бидат реконструкција на крикет стадионот Габа, вреден 1 милијарда долари, на кој ќе бидат церемониите за отворање и затворање како и натпреварувањата во атлетика.

„Веројатно ќе бидат нешто повеќе од пет милијарди, со оглед на инфраструктурата за транспорт и игри“, рече Колбек за радио станицата 4BC во Бризбејн, додавајќи дека стратегијата за градење град допрва треба да се изготви.

Организаторите во Пекинг дури имаа оперативен профит од Олимпијадата во 2008 година, но вкупните трошоци на градот, вклучувајќи нов аеродром и метрото, како и затворање на фабриките, беа проценети на 40 милијарди долари.

Бризбејн немаше директен противник, но победи во конкуренција на градови и земји кои јавно изразија интерес за одржување на Олимпијадата, поточно Индонезија, Будимпешта, Кина, Доха и германската област Рур. Но, никој не мораше да помине низ скапиот процес на претставување на својата кандидатура, бидејќи по првичните разговори со сите заинтересирани Бризбејн беше прогласена за најпосакувана дестинација.

Главниот град на австралиската држава Квинсленд ја доби наклонетоста на членовите на МОК со тоа што веќе има многу богата спортска инфраструктура и изградени многу објекти во нејзината област што ќе се користат за Олимписките натпревари, а има и финансиски гаранции дека игрите ќе бидат поддржани од сите државни нивоа и приватниот сектор. Не треба да се занемари фактот дека Бризбејн веќе беше домаќин на голем број големи спортски настани, вклучувајќи ги игрите на Комонвелтот 2018 и спортистите треба да имаат корист од поволните климатски услови.

Слични содржини