Оливер Драгојевиќ одбиваше да пее во Србија до крајот на својот живот – еве што зборуваше на таа тема

од Весна Петровска
66 прегледи

Легендарниот хрватски музичар Оливер Драгоевиќ не напушти на денешен ден пред седум години. Тој до крај остана доследен на одлуката да не настапува во Србија по 1991 година.

Многу негови обожаватели се надеваа дека сепак ќе се предомисли и ќе приреди спектакл во Србија.

Сепак, нивната желба остана неисполнета.

Оливер Мандиќ изјави дека му понудил 200.000 евра за да одржат заеднички концерт со филхармонија.

„Ситуацијата е многу специфична во нивната средина. Тој вели дека, ако би се вратил во Сплит по концерт во Белград, ќе морал да се грижи за животите на своите синови“, изјави тој во едно претходно гостување на Naxi радио.

Како што и се очекуваше, новинарите во речиси секое интервју го прашувале Драгоевиќ зошто не сака да пее таму. Новинарката Тања Петернек Алексиќ го прашала дали меѓу Москва и Токио ќе се најде време и за Белград.

„Нема, нема. Тоа го завршивме. Таа тема ја завршивме“, ѝ одговорил тој. Исто така навел дека го викале многупати, и секогаш одговарал со „не“.

Неговата вдовица Весна Драгоевиќ по неговата смрт раскажа дека тој, откако ЈНА го бомбардирала Дубровник, му ветил на неговиот татко дека никогаш повеќе нема да пее таму.