376
Партијата Обединети за Македонија на Љубе Бошковски бара повторно судење за случајот на поранешниот командант на расформираната единица „Лавови“, Горан Стојков кој вчера беше уапсен.
-Обединети за Македонија е крајно изненадена од двојните аршини на кои вчера сите бевме сведоци. Апсењето на Командантот на Лавовите – Горан Стојков, бранител и македонски патриот, асоцира на селективност.Апелираме до правните лица кои го водат случајот, истиот да биде отворен повторно, бидејќи процесот е започнат во 2013 година за време на режимското владеење на бегалцот Груевски. Не смееме да дозволиме ниту еден бранител и патриот да ги трпи последиците од едно режимско владеење, велат од Обединети за Македонија.