ОМ: Судиите кои критикуваат новинарите,потврдуваат дека ги има во тефтерите на актуелната власт

од desk3
82 прегледи

obedineti-za-mk-680x3651-540x290
Судиите кои критички се осврнуваат на новинарите, товарејќи ги за притисок, само потврдија дека ги има во тефтерите на актуелната власт. Некои дури се дрзнуваат и со закани на секое ненарачано новинарско прашање кое ќе навлегува во скриените вистини.

Со таква реакција се огласи Обединети за Македонија (ОМ) после жалбите од некои судии дека биле на мета на новинари и имале притисоци од нив.

Всушност, вели ОМ, евидентно е дека врз судиите и правосудниот систем се под контрола на власта.

„Обединети за Македонија најенергично го осудува сериозниот и евидентен притисок врз судиите и правосудниот систем во целина. Начелото на јавност и транспарентност во нивното работење во основа е ставено под целосна контрола на извршната власт, односно владеечкиот политички ешалон и фамилијата на власт.

Правните норми се толкуваат и применуваат согласно политичките потреби, а изведувањето на доказите во голем број случаи се фабрикуваат, под плаштот на заштитени сведоци и нарачани посебни наместени истражни мерки. Докази за ваквата поставеност има во случаите со Љубе Бошковски, „Кампања“ и „Ровер“, кои се нотирани и во извештаите на Стејт Департментот, ЕУ и другите меѓународни организации и институции.

Обединети за Македонија ги охрабрува сите судии да бидат посмели и посамостојни во своето одлучување и да не постапуваат по налози од било кој политичка опција. Да го искористат новиот момент во државава, особено сега кога е поставен Специјален јавен обвинител. Сега да ја скршат железната бариера поставена врз правдата, и да кажат одсечно „не“ на секоја закана од власта која е во заминување. Сега е моментот да се пресече, и пред лицето на правдата да се донесат и луѓето од врвот на власта, бидејќи нема веќе недопирливи“, порача партијата.