Крунисувањето на кралот Чарлс Трети започна, а светските медиуми до најситен детал го следат овој настан секунда по секунда. Кралското семејство пристигнува во Вестминстерската опатија, а со нив и Хари во друштво на роднините. Принцот ќе ја следи церемонијата од третиот ред, заедно со „сексуалниот престапник“ принцот Ендру – директен показател дека „омилениот внук“ на покојната кралица Елизабета Втора добил уште една „болна шлаканица“ од неговото семејство што може целосно да ја уништи секоја надеж дека ќе дојде до нивно помирување.
Иако станува збор за крунисувањето на неговиот татко, принцот не бил ни близок со кралот и тоа во буквална смисла.
На некој начин, таков распоред на седење можеби му одговара – тој ќе може да ја напушти церемонијата релативно незабележано и брзо кога ќе посака. Се предвидува дека ќе остане во Британија само 24 часа.
Сепак, тоа значи и дека нема шанси за помирување и дека Хари можеби нема ни време да разговара со својот татко или брат за време на неговиот престој во Лондон.
Покрај тоа, со него не доаѓа и неговата сопруга Меган, која според многумина е главната причина за раздорот во семејството. Како што изјавила двојката, таа ќе остане дома во Лос Анџелес за да се грижи за децата Лилибет и Арчи.
Инаку, последен пат двајцата заедно ја посетија Велика Британија минатата година кога дојдоа на погребот на кралицата Елизабета Втора.
И тогаш оваа брачна двојка сосема неочекувано, беа на страна за време на целата поворка. Додека другите членови на кралското семејство во поворката што го следеше ковчегот шетаа облечени во воени униформи, Хари одеше покрај нив во обичен костум.