Стари конфликти и нови сомневања ги трујат односите меѓу шиитите и сунитите во Саудиска Арабија. Зајакнувањето на омраза меѓу нив не ветува ништо добро за кралството, кое неодамна беше погодено од напади.
Последните два напади против шиитски џамии го зголемија степеот на тензии меѓу двете главни верски заедници во Саудиска Арабија – шиити и сунити. Илјадници излегоа да протестираат против тероризмот и обидите земјата да биде поделена по верска линија.
“Ваквите провокации нема да не дестабилизираат”, објави престолонаследникот принцот Мухамед ибн Најеф, кој е и министер за внатрешни работи на земјата. Со тоа тој спомена и едно од главните преокупации на своите сонародници, имено: дека терористите од “Исламска држава” може преку насочени акции против шиитските институции да се обидат да ја дестабилизираат земјата, провоцирајќи граѓанска војна.
Минатиот петок бомбаш-самоубиец се разнесе пред шиитска џамија во градот Дамам, Источна Саудиска Арабија. Бомбата, поставена во автомобил, уби вкупно четири лица, вклучувајќи и напаѓачот. За последните две недели ова беше втор ваков напад во Саудиска Арабија – недела порано бомба загинаа најмалку 21 шиити во градот Ал Кудајш. Одговорноста за двата напади ја презеде “Исламска држава”.
Поделбата – религиозна и етничка
Двата напади предизвикаа широка дебата во кој се вклучија и медиумите во земјата. Весникот “Ал Хајат” напиша дека за нападите не смеат да се обвинуваат сунитите како целина: “Луѓето кренале во воздух двете бомби, не се сунити, туку криминалци чии активности ги оддалечуваат од сунитската вера”, напиша весникот. Според друго издание, “екстремистите се обидуваат да го поделат населението на верска и етничка основа, делејќи ги на добри и лоши”. Ова делумно би можело да им успее, бидејќи некои Саудијци ја поставуваат верската припадност повисоко од лојалноста кон татковината.
Трите милиони шиити во Саудиска Арабија сочинуваат 10 проценти од населението на земјата. Повеќето од нив живеат во источните региони на брегот на Персискиот залив, каде се и главните наоѓалишта на нафта во земјата. Друга компактна група шиити живее во југозападниот дел на Саудиска Арабија, во близина на границата со Јемен.
Тензиите меѓу шиити и сунити во Саудиска Арабија не е од вчера. Доаѓањето на власт на шиитските ајатоласи во Иран во 1979 година ги охрабри и шиитите во Саудиска Арабија да го кренат својот глас против сунитското државно раководство. Оттогаш тие се борат за повеќе културни права и јавна интеграција. Во револуционерната за арапскиот свет 2011 година, саудиските шиити повторно излегоа на улица, но сепак не се дојде до отворен бунт, како во соседен Бахреин на пример.
Улогата на Иран
Ријад се сомнева на Иран – земјата со најголемо шиитско население во регионот – дека ги подгрева протестите на саудиските шиити. Тешките односи со шиитскиот сосед Иран доведоа до доста суров однос на Ријад кон неговите сопствени шиитски граѓани.
Во октомври 2014 година Саудиска Арабија го осуди на смрт најпознатиот шиитски свештеник во земјата Нимрим Бакир ал Нимрим за поттикнување на бунт, поттикнување омраза, вандализам и непослушност. Всушност тој секогаш повикуваше за мирни протести.
Од друга страна саудиските власти често се повикуваат на терористички напади извршени од претставници на шиитската заедница во кралството. При едно таков напад во јуни 1996 година, извршено пред 8-катна станбена зграда во градот Кобар, загинаа и 19 американски војници. Повредени беа над 500 лица. Американскиот суд донесе пресуда дека вина за нападот носат Иран и Саудиска Арабија.
Терор “made in Saudi Arabia”?
Оваа ситуација доведува до зајакнување на меѓусебните предрасуди. Или како што напиша саудискиот весник “Ал Монитор”: “Радикалната сунитска пропаганда против Иран и шиитите земат врв во Саудиска Арабија. Често тоа се случува со благослов на водечките (сунитски) духовници во земјата”. И обратно – шиитски активисти сметаат дека дел од сунитите се директно вмешани во нападите врз шиитски цели. Терористичката организација “Исламска држава” била “теророристичка организација, произведена во Саудиска Арабија”, напишаа на Твитер активисти по нападот од 22-ти мај.
Протестната поворка по двата напади врз шиитски џамии беше замислен како протест против џихадистичкиот терор и обид за намалување на тензиите меѓу двете верски заедници во земјата. “Друг пат освен помирување не може да има, инаку екстремизмот ќе ја поткопа главната потпора на земјата – младите луѓе”, напиша весникот “Ал Хајат”.
Извор: Дојче Веле
