Шефицата на Набљудувачката мисија на Канцеларијата на ОН за човекови права во Украина денеска изјави дека од почетокот на војната во таа земја се убиени илјадници повеќе цивили од официјалната бројка од 3.381 жртва.
„Работевме на проценки, но сè што можам да кажам досега е дека точниот број на жртви е илјадници поголем од бројот што ви го дадовме. Целосна непозната е Мариупол, каде ни беше тешко целосно да пристапиме и да добиеме валидна информации“, рече Матилда Богнер, шеф на набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина, на брифинг со новинарите во Женева, пренесува „Ројтерс“.
Целосна непозната е Мариупол, каде што беше тешко да се добијат целосно валидни информации.