211
Извршниот директор на Светската програма за храна на Обединетите нации, Дејвид Бизли, ги повика милијардерите да дадат посилна поддршка, поради зголемената несигурност во врска со храната во светот.
Бизли забележал охрабрувачки знаци дека богатите луѓе како Илон Маск и Џеф Безос почнале да се вклучуваат.
„Маск инвестираше шест милијарди долари во фондација. Но, сите мислат дека парите стигнале до нас, а ние сè уште не сме добиле ништо, па се надевам… Илон, ни треба твојата помош“, рекол Бизли.
Тој додал дека неговата порака е испратена до секој милијардер бидејќи светот е „во сериозна неволја“.
„Ова не е реторика и глупост. Зголемете ја помошта сега, му требате на светот“, потенцирал Бизли.