181
ОН ги повика Палестина и Израел веднаш да престанат со крвопролевањето, теророт и уништувањето и да се вратат на преговорите за решение за две држави, пренесе Анадолија.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на својот профил на Твитер зборуваше за конфликтот, нагласувајќи дека бројот на цивилни жртви е неприфатлив.
Израелските сили вршат напади врз Појасот Газа од 10 мај, а досега во тие напади најмалку 181 лице го загубиле животот, а 1.225 се ранети. Меѓу загинатите има 52 деца и 31 жена.