206
Глобалната криза на трошоците на животот турка дополнителни 71 милион луѓе во најсиромашните земји во светот во екстремна сиромаштија, се предупредува во новиот извештај објавен денеска од Програмата за развој на ОН (УНДП).
Аким Штајнер, директор на УНДП, рече дека анализата на 159 земји во развој покажала дека овогодинешниот пораст на цените на клучните стоки веќе погодил делови од субсахарска Африка, Балканот, Азија и други региони, пренесува „Ројтерс“.
Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) повика на насочени мерки, вклучително и директна парична помош за најранливите земји.