ОН: Хуманитарната ситуација на југот на Украина критична

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

Ситуацијата во Херсон и Николаев, градови на југот на Украина, е „страшна и критична“, а само во Николаев речиси четвртина милион луѓе се соочуваат со недостиг на вода, струја и греење, предупредија денеска Обединетите нации.

Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик, изјави дека координаторката на ОН за хуманитарна помош Дениз Браун ги посетила двата града во јужна Украина во текот на викендот и поднела извештај што укажува дека луѓето кои бегаат од Херсон се упатуваат кон Николаев, објави Си-Ен-Ен.

Во Николаев беа формирани топлински пунктови за да им помогнат на луѓето кои не можат да ги загреат своите домови, а според Дижарик, хуманитарците обезбедиле храна и генератори за да ги направат овие места функционални.

Слични содржини