288
Последиците од војната во Украина го зголемуваат страдањето на милиони луѓе поради зголемените цени на храната и енергијата и влошената финансиска криза, со влијанието на пандемијата на Ковид-19 и климатските промени, се вели во новиот извештај на ОН.
Околу 1,6 милијарди луѓе во 94 земји се тешко погодени од барем една димензија на кризата, се вели во најновиот извештај на Глобалната група за одговор на кризи (GCRG) за украинската криза.
Според извештајот на ОН, околу 180 милиони луѓе во 41 од 53 земји за кои се достапни податоци се предвидува да се соочат со кризи со храна или влошување на условите оваа година, а уште 19 милиони се очекува да се соочат со „хронична неухранетост“ на глобално ниво во 2023 година“.