193
Најмалку 1.892 цивили се убиени, а 2.558 се ранети од почетокот на војната во Украина кон крајот на февруари, според најновите податоци на Обединетите нации.
Убиени се 478 мажи, 308 жени, 30 девојчиња и 52 момчиња, како и 71 дете и 953 возрасни чиј пол се уште не е познат, јавува Си-Ен-Ен.
„Повеќето од регистрираните цивилни жртви се предизвикани од употреба на експлозивно оружје со широк опсег на удар, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи, како и ракетни и воздушни напади“, се вели во соопштението.