ОН: Нема докази дека Русија извезува украинско жито

од Nikola Popovski
208 прегледи

Структурите на Обединетите Нации (ОН) немаат можност да ги потврдат изјавите на Киев дека Русија наводно извезува украинско жито, изјави денеска официјалниот портпарол на генералниот секретар на ОН, Стефан Дијарик.

„Ги видовме овие извештаи во медиумите, разговаравме со нашите колеги од Светската програма за храна. Тие немаат начин да ги потврдат овие наводи. Сите ние сме за слободна трговија со храна преку Црното Море со цел да се задоволат потребите на луѓето ширум светот“, рекол тој, а пренесува РИА Новости.

Украина ги упати овие обвинувања во средината на мај, предупредувајќи ги потенцијалните купувачи на руско жито дека овие производи, наводно, може да вклучуваат залихи кои биле „нелегално извезени“ од украинска територија.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера изјави дека Вашингтон не ги доведува во прашање обвинувањата на Киев против Москва. Тој изрази уверување дека „Русија продава украинско жито подготвено за извоз во своја полза“.