ОН: Нема услови за прекин на огнот и испорака на помош во Украина

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања, Мартин Грифитс денеска изјави дека се чини „сè уште не е зрело“ да се воспостави примирје што ќе овозможи доставување хуманитарна помош во Украина, но изрази надеж дека тоа ќе биде можно наскоро бидејќи овој викенд ќе се слави православниот Велигден.

„Може да се покаже одредена зрелост во наредниот период“, рече претставник на ОН на прес-конференција во понеделникот.

По патувањето во Киев и Москва овој месец на состаноци на високо ниво со украинските и руските претставници, Грифитс за Асошиејтед прес изјави дека забележал мала доверба меѓу конфликтните страни и дека „не е оптимист“.

Потсекретарот на ОН за хуманитарни прашања изјави и дека планира да отпатува во Русија за да разговара за ситуацијата во Украина, по посетата на Турција, која треба да се реализира во текот на неделата.

Тој на прес-конференција додаде дека се уште не добил одговор од Русија за хуманитарните иницијативи на ОН, пренесе ТАСС.

Слични содржини